Червар: Реагирам емотивно, но без зла намера

Од:

Смирениот и сталожен Лино Червар, тренерот на македонскиот ракометен шампион Металург, на мечот во Словенија со Горење во 8. коло од Лигата на шампионите, за момент ги загуби нервите.

На тајмаут во првото полувреме, му се нафрли на Словенецот Ренато Вугринец, велејќи му „ти играш против нас, тебе те боли к.. за нас“. Микрофоните го испратија во етерот невкусното прекорување, па многумина останаа изненадени од таквото однесување на искусниот стратег.

„Јас реагирам емотивно. Без зла намера. Kако тренер, не мислам само на ракомет, туку некогаш треба да се размрдаат играчите. Во Словенија имаше и стотина наши навивачи, па за нив требаше да одиграме поборбено. Не може Вугринец да не се враќа во одбрана. Јас тоа му го кажав, и тие што знаат ракомет, нема да ми забележат и ќе ме сфатат. Некогаш треба ваквите работи да се кажат“- објаснува Червар за своето однесување на тајмаутот.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он