Червар: Покажавме карактер, Македонците веќе нема да се предаваат

Од:

Селекторот на Македонија, Лино Червар не го криеше задоволството по вчерашното реми со Исланд и освоениот бод кој значеше 3. место во групната фаза.

– Честитки за нашите момци. Тие се херои. Имавме страшни пехови, се повреди Миркуловски, потоа и Манасков. Сепак и без нив стигнавме до реми и докажавме дека имаме право македонско срце. Нема веќе да се предаваме, колку и да губиме. Нема веќе Македонците да се предаваат. Покажавме карактер сега одиме да се напиеме по едно пиво, па пота ќе размислуваме на Норвешка, истакна Червар.

Македонија одигра 27:27 со Исланд и за противник во осминафиналето ја доби Норвешка која го освои 2. место во А групата.

Би можело да ве интересира

Франција се закити со бронза на ракометното СП

А1он

Полска и Шведска домаќини на СП во ракомет во 2023

Ана Ололовска

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП

Ана Ололовска

Лазаров: Го допревме дното

Ана Ололовска

Македонските ракометари денеска против Словенија ја отвораат главната фаза на СП

Ана Ололовска

Македонските ракометари поразени од Шведска на стартот на Светското првенство

Жарко Настоски