Червар: Победивме со помош на публиката, големото срце и борбеноста

Од:

Тренерот на Металург, Лино Червар, изрази задоволство по големата победа (24:23) против шпанскиот вицешампион во 3. коло од ракометната Лига на шампиони.

– Ја следам Ла Риоха подолго време и свесен сум дека е екипа која игра доста добар ракомет. Го гледав натпреварот против Барселона и им недостигаше многу малку за да победат. Среќни сме што победивме, знаете дека преку ноќ останавме без два играчи. Денес, со помош на публиката, големото срце и борбеноста славевме. Морам да му се заблагодарам на Арсиќ за придонесот. Луѓето што ги гледаат нашите натпревари ќе мора да пијат таблети за да издржат до крај. Форсиравме игра од надворешните линии и поголемиот дел од головите од таму ги дадовме. Во Загреб имавме 19 технички грешки, денес 13 значи постепено напредуваме. Не очекував да одиграме олку лудо, истакна Червар.

Еден од најзаслужните за големиот триумф беше голманот Дарко Арсиќ кој средбата ја заврши со 16 одбрани, од кои неколку во финишот кога се решаваше победникот.

– Со голема желба дојдовме до оваа победа. Се што вежбавме во изминативе недели демонстриравме денес и среќен сум од исходот, изјави чуварот на мрежата на Металург.

Би можело да ве интересира

Вујовиќ: Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме

Ана Ололовска

Вујовиќ: Повторно бевме блиску, а останавме без поени

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар не е оној од шампионските денови, но мораме да ја прекинеме серијата порази

Ана Ололовска

Вујовиќ: Грешките во вториот дел нè чинеа пораз

Ана Ололовска

Вардар против Кил во обид да ја прекине мини-серијата порази во ЛШ

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар е фаворит против Монпелје

Ана Ололовска