Македонскиот ракометен шампион Металург в недела од 17 часот во СЦ „Борис Трајковски“ го игра натпреварот од последното коло од групата Ц, а во Скопје ќе гостува данската екипа Силекборг. На првиот натпревар Металург во победи со три голови разлика (26:23), но противникот пружи силен отпор и поради тоа тренерот на Металург Лино Червар повикува на внимателност.
– Она што можам да го ветам е дека ќе се бориме за да победиме, но нема да биде лесно. Силекборг е екипа која на првиот натпревар дома имаше предност од четири голови, но сепак ги победивме. Во нивниот состав има пет дански репрезентативци. Тоа е екипа чија игра нас не ни одговара. Затоа ние мора да ја водиме играта и голманите да бидат на висина на задачата. Ова е голема шанса да се направи чекор напред во однос на лани кога бевме третопласирани, истакна Червар на денешната прес-конференција.
Изминативе денови Металург има и мали здравствени проблеми. Со намален интензитет поради болест тренира Ренато Вугринец, а под посебен третман поради повреда на препоните е Филип Миркуловски.
Капитенот Ванчо Димовски, кој беше стрелец на два гола на првиот дуелпосака Металург да ја искористи добиената шанса.
– Сега сами решаваме за второто место во групата. Пред една недела не беше така. По поразот од Горење сега сами ќе решаваме за нашата судбина.
Гостите од Данска в сабота ќе пристигнат во Скопје. Натпреварот се игра в недела од 17 часот, а доколку Киелце го победи Горење во Словенија, Металург ќе го обезбеди втрото место во групата без разлика на исходот со Силкеборг.