Червар, краток и јасен: Браво момци!

Од:

Тренерот на Металург, Лино Червар не го криеше задоволството после феноменалната партија на неговите играчи во денешниот меч против Силкеборг.

„Задоволен сум, можам да кажам само браво, браво и браво. Ова е тоа што го сакам. Можам само да им честитам на моите момци. Почнавме со 6-0, но противникот немаше проблеми со тоа, па моравме да смениме на 5-1. Од тука почнавме да се движиме во вистинската насока. Сакам да им се заблагодарам и на фановите за одличната поддршка. Ме загрижува само ситуацијата на Манасков, неговото колено сеуште е топло, па мора да чекаме. Се надевам не е ништо страшно“ – вели Червар.

Би можело да ве интересира

Скандал и расистички испад на Червар: Овие црнци играат попаметно од вас

Предраг Петровиќ

Червар го напушта ППД Загреб

Наум Локоски

Червар: Горд сум на моите ракометари

Ана Ололовска