Червар: фаворити се Франција, Шпанија и се разбира Хрватска

Од:

Тренерот на Металург, Лино Червар ги наброја фаворитите за највисок пласман на претстојното СП во Шпанија но меѓу селекциите кои ќе се борат за медали не ја спомена Македонија. Нашата селекција не е ниту меѓу оние кои можат да направат изненадување.

Според Червар фаворити се Франција, Шпанија и се разбира Хрватска.

„Некои селекции нема да бидат комплетни. На хартија фаворити се Франција, Шпанија и Хрватска, како и Данска доколку настапи со Хансен. Оставам простор некој да направи изненадување. Една од тие селекции која може да изненади на мундијалот е Црна Гора“, рече Червар.

Червар не ја спомена помеѓу можните изненадувања Македонија а не сакаше да го коментира и неповикувањето на Ивано Балиќ во хрватската репрезентација:

„Балиќ е играч кој се вгради во резултатите на Хрватска и никој не може да му го одземе тоа. Голем играч , меѓу најдобрите во нашата репрезентација. Од мене не треба да се очекува да арбитрирам и држам лекции, но не е време за кавга. Репрезентацијата е светост и само екипата е најдобар играч. Тоа е за мене држава и интересите на репрезентацијата се над се“-рече Червар.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он