Од 9 до 17 октомври по втор пат во Скопје се одржува „Cherry Cup Skopje“ меѓународниот детски тениски турнир. Настанот е еден, турнирите се шест и опфаќаат деца на возраст од 5 до 13 години.
Турнирот е сличен на тоа што се организира во Белград, Умаг и Дубровник, а целта е да се издигне статусот на детскиот тенис во спортот и да им се помогне на најмладите од најрана возраст да се вклучат во светските спортски движења.
Во рамки на купот се играат шест турнири:
– Црвен тенис турнир, на кој учествуваат тенисери родени во 2012 и помали.
– Зелен и портокалов тенис турнир, за тенисери родени во 2010 и помали.
– У11, У12 и У13 турнири за тенисери родени 2009, 2008 и 2007 година.
Секој од турнирите, освен Црвениот, имаат сингл и дубл издание.
Натпреварите од програмата се играат во АБЦ тенискиот клуб и АТК премиум клуб.
Паралелно со натпреварувачкиот дел, организирани се и образовни работилници за децата тенисери кои опфаќаат теми вон спортот.
Самиот Cherry Cup Skopje 2020 е дел од многу поголемиот спортско едукативен хаб во регионот – Cherry sport.