Роберт Левандовски продолжува да го притиска Баерн Минхен да го продаде ова лето, а во меѓувреме доби и нова понуда. Според информациите од Островот, Челси би сакал да го доведе Левандовски.
Менаџерот Томас Тухел би сакал да го има полскиот интернационалец во својот тим, но најголемиот проблем е што новата управа мора прво да го реши статусот на Ромелу Лукаку. Ова ќе биде тешка мисија за Челси, бидејќи Левандовски има вербален договор со Барселона, поради што веќе одбил и понуда од Пари Сен Жермен.
Левандовски разговарал лично со Чави, сака да биде дел од новиот проект на Барса и да биде предводник на каталонскиот тим.
Челси ќе се обиде да го разубеди, но во исто време мора да го продаде Лукаку по забрзан процес, што нема да биде така лесно.