Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александар Чеферин денеска изјави дека не е сигурен оти Барселона и Реал Мадрид знаат што прават во однос на Суперлигата, наведувајќи дека фудбалот не се продава.
Судот на правдата на Европската унија претходно денеска објави дека Европската фудбалска унија (УЕФА) и Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја злоупотребиле својата доминантна позиција, блокирајќи го создавањето на алтернативен турнир, Супер лигата, со закана со санкции, пренесува Ројтерс.
12 клуба се обидоа да основаат затворена европска Супер лига во април 2021 година, но тој план пропадна за 48 часа. Реал Мадрид и Барселона се уште не се откажале од проектот.