Цеск Фабрегас седнува на клупата на Милан?

Од:

Фудбалскиот клуб Милан на крајот на сезоната ќе донесе одлука за потенцијалниот престој на Сержо Консеисао, но гласините за негово заминување се се погласни.

Консеисао има клаузула во договорот која му овозможува на Милан да го раскине договорот на крајот од оваа сезона доколку не ги исполни амбициите и не ги постигне посакуваните резултати.

Милан е надвор од Лигата на шампионите, а во Серија А е само осми, му останува само да се бори за трофејот во Купот на Италија каде во полуфиналето ќе го пречека Интер.

Во случај Милан да не обезбеди пласман во Лигата на шампионите, извесно е дека клубот повторно ќе бара нов тренер, а прв пик е Цеск Фабрегас, додека алтернативи се Роберто Де Зерби и Маурицио Сари.

Фабрегас одлично си ја врши работата на клупата на Комо, на која е и косопственик, па практично може сам да одлучува за својата судбина.

Роберто Де Зерби го води Олимпик Марсеј, а тој беше поврзуван со Милан минатото лето кога дојде Пауло Фонсека, додека Сари очајно сака да се врати на работа, откако минатата сезона се раздели со Лацио. Сепак, Сари е на мета и на Аталанта која во него гледа идеална замена за Џан Пјеро Гасперини.

Се на се, Консеисао се бори да остане на клупата на Милан, иако се почна како од бајка, освојувајќи го италијанскиот Суперкуп.

Милан сигурно ќе остане во контакт со тројца кандидати во наредниот период, а најмногу со Фабрегас кој е цел број еден.

Би можело да ве интересира

Феенорд во осминафиналето на Лигата на шампионите, „глумата“ на Тео Ернандез скапо го чинеше Милан

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Поранешниот играч на Феенорд, Сантијаго Хименез, кариерата ја продолжува во Милан

(ВИДЕО) Избегната тепачка меѓу тренерот и капитенот на Милан

А1он

Навивачите го свиркаа Ибрахимовиќ, тој му даде отказ на тренерот Фонсека

А1он

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ