Церемонијата на отварањето на Олимпијадата го гледале 22,4 милиони Британци

Од:

Отварањето на Олимпијадата во Лондон и спектаклот што го постави и го режираше оскаровецот Дани Бојл, го следеле околу 22,4 милиони британски телевизиски гледачи, соопшти денеска Би-Би-Си.

Најголема гледаност од дури 26,9 милони луѓе имало во моментот на прикажувањето на филмскиот скеч за кралицата Елизабета Втора и Џемс Бонд, во кој учествуваше лично британскиот глумецот Данијел Крејг кој го толкува ликот на тајниот агент 007 во последните два филма за овој лик.

Синоќешниот пренос е 13-та најгледана телевизиска програма во историјата на британската телевизија.

Досега најгледан олимписки настан бил настапот на британската двојка во уметничко лизгање Џејн Торвил и Кристофер Дин во 1984 година на зимските Олимписки игри во Сараево.

Меѓу церемонијалите на отворањето, досега најголема гледаност во Велика Британија е забележана за Олимпијадата во Барцелона во 1992 година, од преку 11 милиони телевизиски гледачи. Последните три Олимпијади се со различна гледаност, при што Игрите во Сиднеј ги следеле четири милиони гледачи, во Атина 8,6 милиони, а во Пекинг пет милиони британски гледачи.

Поголемата гледаност на отворањето на атинските Олимписки Игри се објаснува со неповолното време за Игрите во Пекинг и Сиднеј, во однос на отворањето на Олимпијадата во 2004 година.

Според Би-Би-Си, се претпоставува дека околу една милијарда луѓе го следеле синоќешниот пренос од свеченото отворање на лондонската Олимпијада.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он