Бурата не стивнува – ХРТ се огради по навредите кон Пикси и српските репрезентативци

Од:

Поранешниот хрватски репрезентативец Јошко Јеличиќ ги коментираше Србија и селекторот Драган Стојковиќ Пикси.

Јеличиќ во специјалната емисија за ЕУРО 2024 на хрватската телевизија ХРТ го критикуваше тренерот Стојковиќ.

Нивниот проблем е што тренерот не му носи ништо на тимот. Мора да имаат јасна хиерархија, не смее да биде во смисла кој е поголема ѕвезда. Пикси и неговите изјави, го гледавме како го пцуе својот играч на пријателски натпревар. Прави се, затоа долго време немаат култ на репрезентација и веројатно никогаш нема да имаат репрезентација“, рече Јеличиќ и додаде:

„Што се однесува до Србите, во однос на егото и нивните внатрешни проблеми, мило ми е што се во конкуренција, бидејќи нема да биде досадно. Особено ако загубат во првиот натпревар, што е и очекувано. Се надевам дека нема да се распаднат, тогаш ќе има многу материјал, одамна не сме виделе кој со кого е, со кого и така натаму…“

Набргу по инцидентот, ХРТ објави:

Наведените ставови не се ставови на Хрватската радио телевизија“.

Би можело да ве интересира

Кукуреља го „спушти“ Невил: „Отидовме до крај, Гери“

Порака на Шкотска до Шпанците во пресрет на финалето – одмаздете им се на Англичаните за се што ви прават

Предраг Петровиќ

Олмо: „Не се плашиме од никого“

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде најдобар стрелец на Европското во случај на ист број постигнати голови

Предраг Петровиќ

Холандија – Англија 1:2 – Англичаните го добија финалето на еврото во 90. минута

Горан Наумовски

Шпанија – Франција 2:1 – Олмо ја однесе Шпанија до финалето на Евро 2024

Горан Наумовски