Британските букмејкери, кои примаа облози за тоа кој последен ќе го носи олимпискиот факел и ќе го запали огнот на главниот стадион, откако се покажа дека наместо еден спортист, како што е тоа вообичаено, огнот го запалија седуммина млади спортисти.
Последниот носител и тоа кој ќе го запали огнот беше најстрого чуваната тајна, која ниту Организациониот комитет, ниту режисерот на церемонијалот на свеченото отворање Дани Бојл, не сакаа да ја откријат.
Весниците ја распалија атмосферата лицитирајќи околу носителот, па спортските обложувалници почнаа да примаат облози. Главен фаворит беше Стивен Редгрејв, петкратен носител на златен медал, на сите Игри од осумдесетите години на 20 век, до Олимпијадата во Сиднеј во 2000 година.
Втор силен кандидат беше Дејли Томпсон кој на двапати освои златен медал во 80-те години, како и фудбалерот Дејвид Бекам.
Меѓу кандидатите за носители се споменуваше дури и принцот Вилијам, кој е почесен претседател на англиската фудбалска федерација. Сите овие беа во „игра“ кај букмејкерите, но сега се знае дека организаторите уште седум дена пред свеченото отворање, одлучиле да нема еден носител, туку седум млади спортисти кои ги избрале седуммина поранешни носители на злататни трофеи.
Тие го запалија големиот „огнен венец“ што потоа беше подигнат за да се направи во еден голем олимписки факел. Засега само веслачот Редгрејв изјави дека жали што тој самиот не го запалил огнот на стадионот, откривајќи дека за промената знаел пет дена пред отворањето. Сите имале обврска да ја чуваат тајната за решението на организациониот комитет и на режисерот Дани Бојл.а