Синот на познатиот скокач со стап Сегеј Бубка, Сергеј Бубка Јуниор, падна од трети кат од семејниот стан во Париз.
Инцидентот се случил изутринава, а Бубка се здобил со повеќе скршеници, но се наоѓа надвор од животна опасност.
Моментално 186. тенисер на светот, Бубка Јуниот по грешка се заклучил во купатилото за потоа да се обиде преку прозорецот да прескокне на соседната тераса. Неговиот обид не бил успешен и завршил со пад од 10 метри висина.