Легендарниот украински атлетичар Сергеј Бубка јавно ја поддржа кандидатурата на Германија, односно Хамбург и Берлин, за организација на Летните олимписки игри во 2024 година.
Актуелниот рекордер во скок со стап, Бубка, во интервју за германскиот весник „Билд“ смета дека постигнатите резултати на Германија досега на ОИ, како и прецизноста со која Германците ја извршуваат секоја задача, се дел главните адути за добра организација на ОИ.
– Германија е прочуена по својата љубов кон спортот и една од најуспешните земји на Игрите. Се што досега организирале Германците било на високо ниво и беспрекорно, изјави Бубка.
51-годишнот Украинец кој подолг период е член на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), потенцира дека Игрите секако ќе имаат голем позитивен ефект на спортот не само во Германија туку и во цела Европа.
Инаку, Бубка е еден од двајцата кандидати за местото претседател на ИОК. Тој и Британецот Себастијан Коу ќе бидат во трка за местото прв човек на светскиот олимпизам.
Германскиот олимписки комитет се очекува во текот на оваа година да донесе конечна одлука, дали Хамбург или Берлин ќе биде еден од градовите кандидати за ЛОИ во 2024 или 2028 година.
Засега своите кандидатури ги најавија, престолнината на Италија, Рим и американскиот град Бостон.