Кошаркарите на Русија го освоија бронзенот олимписки медал во Лондон, откако во натпреварот за третото место ја победија Аргентина со 81:77 (19:20, 21:18, 21:19, 20:20).
Ова е прв олимписки медал за кошаркарите на Русија по распаѓањето на СССР.
Најдобриот стрелец за Русија беше Алексеј Швед со 25 поени, а Андреј Кириленко мечот го заврши со 20 поени.
Во репрезентацијата на Аргентина најдобар беше Ману Џинобили со 21 поен.
Во големото финале ќе се сретнат селекциите на Шпанија и САД.