Италијанските одбојкари го освоија бронзениот медал на Олимписките игри во Лондон, откако во натпреварот за третото место, ја победија Бугарија со 3:1.
Најдобриот во тимот на Италија беше Кристијан Савани, а во бугарскиот тим Владимир Николов.
Во финалето денеска ќе се сретнат репрезентациите на Бразил и Русија, тимовите кои ги освоија среброто и бронзата во Пекинг.