По изгубеното полуфинале против Французите, ракометарите на Хрватска славеа во борбата за бронзениот медал против Унгарија со 33:26 (19:14).
По двата златни медали од Атланта и Атина, ова е трет олимписки медал за хрватскиот ракомет.
Најефикасниот во хрватскиот тим беше Иван Чупиќ со осум голови.
Во финалето ќе се сретнат репрезентациите на Шведска и Франција.