Британските медиуми пред финалето со навреди за Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга

Од:

Новинарката Хариет Џонстон напиша текст за британскиот таблоид „Дејли мејл“ во кој го навредува српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, но и неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ. Новинарката отворено ги „замава“ Новак и Јелена во пресрет на финалето на Вимблдон, во кое Новак ќе се сретне со Ник Кирјос (недела, 10 јули, 15 часот).

„Па, дали Новак е поконтроверзен од Ник? Тенисерот кој не ги признава вакцините за корона нè убедува дека позитивните мисли ја прочистуваат водата, додека неговата забегана сопруга Јелена верува дека 5G мрежата ја предизвикала пандемијата“, пишува во долгиот – и доста навредлив. – наслов на нејзиниот текст.

Во него Џонстон најпрво го фали Новак, но набрзо нејзината приказна се претвора во низа навреди.

„Новак е еден од најголемите спортисти на овој век и нема дилема, но се поставуваат многу прашања за неговите верувања за тоа како стигнал до врвот. Фанатичниот нагон за постојано само-подобрување се рефлектира и во опсесивната љубопитност за сопствената физичка и ментална благосостојба. А повремено „Таа кампања го носи во трендови и шарлатанство, на опасен начин. Новак не ги признава вакцините, тврди дека „босанските пирамиди“ во близина на Сараево испуштаат мистична енергија и дека позитивните мисли ја прочистуваат водата“, вели таа.

„И исто како и нејзиниот сопруг, Јелена Ѓоковиќ (35) има цела низа забегани верувања и дури сподели теории на заговор со нејзините илјадници следбеници на Инстаграм. Во април 2020 година, нејзината објава за 5G мрежата беше означена како лажна информација и оваа мајка на две деца се опишува себеси како слободоумна личност која има ненаситна глад за знаење“.

Иако Јелена неколку пати објаснуваше дека објавата е израз на нејзин интерес за темата, а не за поддршка на одреден став за неа, британската новинарка сепак продолжи.

“Многу забеганата сопруга на Новак беше успешна манекенка која се појави во неколку престижни кампањи. Но, таа има и мозок покрај убавина, и диплома од Милано. Тие се сакаат уште од тинејџерските денови и се венчаа во јули 2014 година на Свети Стефан. Јелена тогаш беше бремена, а моментално ја води Фондацијата Новак Ѓоковиќ, која се занимава со образованието на децата од непривилегираните заедници. Често ја гледаме на трибините, каде што не може да задржи мирен израз на лицето, но е на работ од солзи или луто реагира на одлуките на судиите Еднаш рече дека не може да ги контролира емоциите додека го гледа сопругот, бидејќи сака тој секогаш да биде среќен“, заклучува новинарот.

Џонстон не пропушти да ги спомне Србија Опен 2020 година, алергијата на глутен на Новак, за која вели дека тој „сам си ја дијагностицирал ставајќи парче леб на гол стомак“, удирањето на линискиот судија на УС Опен, како и неодамнешниот „инцидент“ со изотоничен прав во шишиња.

Би можело да ве интересира

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

Колку ќе заработи Ѓоковиќ од олимпискиот златен медал

Предраг Петровиќ

Србија има медал во Париз: Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Олимписките игри

Предраг Петровиќ

Ѓоковиќ го декласираше Надал и му го нанесе најтешкиот пораз во кариерата на париската земјена подлога