Британски неврохирург: Шумахер никогаш нема да закрепне

Од:

Еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1, Михаел Шумахер, кој доживеа тешка несреќа пред повеќе од четири години при скијање, најверојатно никогаш нема да се опорави од своите повреди. Тоа го тврди британскиот неврохирург Колин Шиф.

Неговото семејство, пак, не сака да ја открие состојбата на легендарниот возач и дали постои можност да се опорави.

Истакнатиот британски неврохирург ја прокоментира тешката ситуација на Шумахер и даде „мрачни“ прогнози.

– Природата на повредата и информациите што ги имаме сугерираат дека неговиот мозок претрпел голема штета. Како последица на тоа, неговиот мозок не функционира како мојот или вашиот. Колку подолго е во таква состојба, сè потешко е да се очекува подобрување. Ситуацијата речиси сигурно нема да се подобри, вели Шиф.

На крајот на декември 2013 година, Шумахер ја удри главата во карпа откако падна при скијање. Тој одамна е во вештачка кома, состојба во која најверојатно се наоѓа и денес.

– Речиси сигурно дека тој не може да зборува. Тој може да покаже некои чувства – дека е несреќен или дека не му е згодно. Или можеби тој може да ги гледа своите деца или да слуша музика, но не може целосно да закрепне. Долго време е во ваква состојба. Дури и ако ги отвори очите и почне да зборува, ќе има губење на меморијата. Тој повеќе нема да биде иста личност, додаде Шиф.

Би можело да ве интересира

Конечно охрабрувачки вести за состојбата на Михаел Шумахер, тој може да седне на маса

Михаел Шумахер направи две фатални грешки тој ден, се навестуваше трагедија

Предраг Петровиќ

Лекар ја откри главната причина за влошената состојба на Михаел Шумахер

Ана Ололовска