Брестовац: Одигравме коректен натпревар во рамките на нашите можности

Од:

Тренерот на Металург, Данило Брестовац по вечерашниот пораз од Татран Прешов во Скопје (24:29) во рамките на третото коло на ракометната Лига на шампиони, изјави дека металурзите одиграле коректен натпревар и дека не е разочаран од конечниот резултат.

– Знаевме дека не чека екипа со цврста одбрана и добра ротација. Мислам дека одигравме еден коректен натпревар во рамките на нашите можности. Не сум разочаран. Од овој натпревар можам да извлечам само позитивни нешта. Ако успееме да ја надоградиме играта во следните дуели, може да се израдуваме на победа во некој од следните мечеви во ЛШ, изјави Брестовац по мечот.

За екипата од Автокоманда ова беше трет пораз, по оние против Спортинг Лисабон и Бешикташ и останува на дното на табелата во групата „Ц“ без бодови. Со денешниот триумф пак, Татран се зацврсти на првото место со 3 победи од 3 дуели.

Ракометарите на Брестовац веќе во вторник играат на гости кај ППД Загреб во рамките на СЕХА-лигата, а следниот дуел во Лигата на шампионите е на 7 октомври на гостински терен кај Силкеборг.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ