Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

Од:

Ракометната репрезентација на Бразил направи една од најголемите сензации на големите натпреварувања досега, пласирајќи се меѓу осумте најдобри селекции на Светското првенство.

Селекцијата на Јужна Америка го совлада еден од фаворитите за врвот – Шведска во неверојатен дуел со резултат 27:24 и со тоа остана без пласман во четвртфиналето.

Бразилците одиграа одличен натпревар, по првите 30 минути водеа со 14:9 и го издржаа налетот на Шведска во вториот дел и сосема заслужено дојдоа до победа.

До победата ги предводеше феноменалниот голман Рангел да Роса со 20 одбрани, а истакнати играчи беа Монте да Силва и Лангаро со по четири гола, а Да Силва Барос, Оливеира и Борхес додадоа по три.

Најдобар Швеѓанец беше Карлсбогард со шест гола, додека Готфридсон додаде пет, а Сандел мечот го заврши со четири гола. Паличка имаше седум одбрани, а Тулин три.

Бразил сега е втор на табелата со шест освоени бода, а Шведска е трета со два помалку.

Во последното коло, каде резултато нема да има никакво значење, Бразил ќе игра против Шпанија, додека Шведска ќе се соочи со Норвешка.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брутален нокаут во САД ги „освои“ социјалните мрежи

Пијастри ја покори Кина

Новоматик Македонија одличен пример за општествена одговорност

Предраг Петровиќ

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронзен медал на Балканското првенство во Будва

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ