Бразилскиот фудбалер Естевао Вилијан официјално стана нов член на Челзи

Од:

Бразилскиот фудбалер Естевао Вилијан официјално стана нов член на Челзи, објави денес англискиот клуб.

Челзи постигна договор со Палмеирас во јуни 2024 година за Естевао да се пресели во лондонскиот клуб кога ќе наполни 18 години.

„Многу сум среќен и задоволен што го претставувам Челзи, еден од најголемите клубови во светот. Се надевам дека ќе му помогнам на тимот на најдобар можен начин. Чекав речиси година и пол за да дојдам тука, работев напорно и дадов сè од себе за да бидам во најдобра можна форма“, рече Естевао, како што објави веб-страницата на клубот.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот фудбалер Марк Гиљо се сели од Челзи во Сандерленд

Мареска: Среќен сум за победата, но ова не е фудбал

Фудбалерот на Челзи, Весли Фофана го оперира бутниот мускул и ќе отсуствува три месеци

Горан Наумовски