Легендарниот НБА кошаркар Коби Брајант се согласува со тие што сметаат дека Србија има шанса да ја порази САД на Светското првенство во кошарка кое почнува утре во Кина.
– Србија има врвни играчи и тие сигурно имаат шанса да победат против САД. Јас сум многу заинтересиран за овој дуел, изјави Коби за „Спортклуб“.
Сепак еден од најдобрите играчи во историјата на кошарката и амбасадор на ФИБА за овој кошаркарски мундијал, рече дека му се допаѓа тимот што САД го испратиле на првенството.
Утре започнува Светското првенство во кошарка во Кина, каде 32 репрезентации ќе се натпреваруваат за титулата светски шампион, а првиот натпревар ќе се одигра меѓу Ангола и Србија.