Божовиќ очекува финале на Меѓународниот футсал турнир

Од:

Иван Божовиќ, еден од најдобрите футсал тренери на овие простори кој е вклучен во работата на стручниот штаб во македонската репрезентација, во пресрет на вечерашниот натпревар со Финска, вели дека за Македонија би било неуспех доколку не обезбеди финале против Шпанија на Меѓународниот турнир во Скопје.

– Целта на репрезентацијата на Македонија е финале против Шпанија. Вечерва сме насочени кон Финска, противник кој многу напредуваше во изминатиот период, но ние играме дома, работевме напорно, најпрвин да ги донесеме Шпанија, Финска и Турција да учествуваат на турнирот, а во подготвителниот период енергијата ја насочивме кон остварување успех на воведниот натпревар и обезбедување дуел против големата Шпанија. Во репрезентацијата на Финска работи еден од најдобрите европски тренери, по ранг речиси сме изедначени, но ние играме дома, подготовките ги реализиравме на високо ниво, играчите се подготвени и мислам дека на добар начин ќе одговориме на предизвикот, изјави Божовиќ за веб страната на ФФМ.

Српскиот стручњак вели дека играта на македонската футсал селекција има голем напредок во однос на блиското минато и смета дека Македонија ќе има значајна улога во квалификациите за ЕП во Србија.

– Една од главните цели на овој состав е борба за место на Европскиот шампионат. Со селекторот Скендеровски високо ја поставивме летвичката и подготвени сме да одговориме на предизвикот. Технички и тактички напредуваме, видовме на претходните неколку натпревари дека играта е на повисоко ниво, секој ја знае својата задача во тимот и мислам дека тоа ќе не води кон позитивни работи. Во тимот вклучивме неколку млади играчи и за сите нас тоа е многу важно во насока да се подготвиме на најдобар начин за мартовските пресметки од квалификациите, додава Божовиќ.

Македоснката А футсал репрезентација вечерва од 21 часот и 30 минути во СЦ „Борис Трајковски“ го игра натпреварот против Финска. Два часа претходно играат Шпанија и Турција.

Би можело да ве интересира

Српски тренер доби отказ затоа што му го честиташе роденденот на Путин

ВИДЕО: Хулигани нападнаа српски спортисти во Брчко

Предраг Петровиќ

Македонските футсалци со реми го почнаа двомечот со Црна Гора

Ана Ололовска

Футсал виртуозот Рикардињо ја заврши репрезентативната кариера

А1он

Македонската футсал репрезентација до 19 години поразена од Црна Гора

А1он

Стартува новата футсал сезона, во недела дерби помеѓу КМФ Железарец и КМФ Проект

Ана Ололовска