Ботафого го освои Копа Либертадорес за првпат во историјата – Ѓоковиќ беше специјален гостин на финалето

Од:

Фудбалерите на Ботафого за првпат во клупската историја го освоија Копа Либертадорес откако во бразилското финале со 3:1 го победија Атлетико Минеиро, иако играа со играч помалку од првата минута од натпреварот.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ пред почетокот на мечот го внесе пехарот наменет за шампионот на Јужна Америка.

Србинот беше специјален гостин на финалето на Копа Либертадорес, а навивачите на двата клуба го поздравија со голем аплауз.

Ѓоковиќ е во Буенос Аирес бидејќи денеска во 17 часот ќе одигра егзибициски меч против Хуан Мартин Дел Потро во главниот град на Аргентина на збогувањео со тениската кариера.

Финалето започна со црвен картон за Ботафого. По само 30 секунди Грегор направи опасен старт, а главниот судија Аргентинецот Факундо Тељо му покажа директен црвен картон.

Клубот од Рио де Жанеиро и со играч помалку до полувремето дојде до предност од два гола. Луис Хенрике го доведе Ботафого во водство во 35. минута, а Алекс Телес од пенал во 44. минута го удвои водството.

Хулк на асистенција на Едуардо Варгас намали во 47. минута, а во осмата минута од судиското надополнување, замената на Ботафого, Жуниор Сантос го постави конечниот резултат и започна големо славје за навивачите на популарната „осамена ѕвезда“ на стадионот „Монументал“ во главниот град на Аргентина.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го совлада Чехот, Томаш Махах

(ВИДЕО) Новак пцуеше по победата на АО – поради провокатор не можеше да го сокрие бесот

А1он

Еден од најтешките порази во кариерата на Новак Ѓоковиќ

Ѓоковиќ го совлада Монфис и се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Бризбејн

Ѓоковиќ: Планирам да играм на повеќе турнири од минатата сезона

Новак Ѓоковиќ ќе игра во февруари 2025 година на турнирот во Доха