Бостон поведе во конференциското полуфинале со Торонто

Од:

Екипата на Бостон го доби првиот натпревар од полуфиналето на Источната конференција во НБА плејофот и поведе со 1:0 против Торонто во серијата прв до четири.

„Селтикс“ до вечерашниот триумф со 112:94 дојдоа по убедливата предност од 16 разлика што ја создадоа веќе по првата четвртина (39:23).

Бранителот на трофејот Торонто репторс до крајот не успеа да фати резултатски приклучок и шансата за прва победа во серијата ќе ја бара на втората средба.

Најефикасни во победничкиот тим беа Џејсон Татум и Маркус Смарт со по 21 поен.

Вечерва и во текот на ноќта играат: Далас – ЛА клиперс и Јута – Денвер. Ова се средби од првото коло. Јута и Клиперс имаат водство со 3-2 во победи.

Би можело да ве интересира

Стјуардеса од Белград e тешко повредена во авионската несреќа во Торонто

(ВИДЕО) Авион се преврте на писта во Канада, нема жртви: „Висевме како лилјаци“

(ВИДЕО) Авион се преврте на писта во Торонто

А1он

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ