Бостон го потврди пласманот во плеј-офот

Од:

Екипата на Бостон ноќеска оствари победа на гостувањето кај Лос Анџелес Лејкерс и со тоа го потврди пласманот во плеј-офот. Тие се шестиот тим од „Исток“ со пласман во доигрувањето, додека за другите две места Индијана и Детроит се во предност во однос на Чикаго и Вашингтон.

На „Запад“ пет екипи се борат за преостанатите четири места, а во моментов Хјустон е со најслаб скор. Сепак оваа екипа предводена од Џејмс Харден (постигна 41 поен) ноќеска ја победи Оклахома Сити и сега е на само една победа заостанување во однос на Јута и Далас.

Резултати на ноќеска одиграните дуели:
Бруклин – Њу Орлеанс 87:106,
Кливленд – Шарлот 112:103,
Хјустон – Оклахома Сити 118:110,
Минесота – Далас 78:88,
ЛА КЛиперс – Вашингтон 114:109,
Орландо – Мемфис 119:107,
Феникс – Јута 86:101,
Милвоки – Чикаго 98:102,
Њујорк – Индијана 87:92,
Голден Стејт – Портланд 136:111 и
ЛА Лејкерс – Бостон 100:107.

Пласман Источна конференција: Кливленд 55-22 (победи-порази), Торонто 51-25, Атланта 45-32, Бостон 45-32, Мајами 44-32, Шарлот 44-32, Индијана 41-36, Детроит 41-36, Чикаго 39-38, Вашингтон 37-40,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 69-8, Сан Антонио 64-12, Оклахома Сити 53-24, ЛА Клиперс 48-28, Мемфис 41-36, Портланд 41-37, Далас 39-38, Јута 39-38, Хјустон 38-39,…

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on