Борис Бакиќ нов играч на МЗТ Скопје Аеродром

Од:

Нов играч во составот на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром, е црногорскиот интернационалец Борис Бакиќ.

Од клубот се уште ја немаат потврдено оваа информација објавена во повеќе српски медиуми, но Бакиќ веќе фигурира како играч на МЗТ Скопје на официјалната веб страна на АБА лигата во која македонскиот првак утре против Цибона ќе го има премиерниот настап.

Дваесет и шест годишниот Бакиќ е висок 193 сантиметри и игра на позицијата бек која остана празна во тимот на МЗТ по заминувањето на Брендон Вуд.

Во редовите на „аеродромци“ Борис Бакиќ доаѓа од Раднички Крагуевац, а претходно четири сезони играл во Црвена Ѕвезда и три во Партизан. Кариерата ја започнал во Будуќност од Подгорица.

Тренерот на МЗТ Скопје нема да го има на располагање Бакиќ за утрешниот натпревар со Цибона, но се очекува новиот во „сино -белиот“ дрес играч да дебитира в среда против Широки.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он