Борењето останува олимписки спорт?

Од:

Меѓународниот олимписки комитет, во февруари годинава донесе одлука да го исфрли борењето од олимпиското семејство почнувајќи од 2020 година.

Реакциите беа жестоки, не само од претставниците на овој спорт, кој е олимписки во две дисциплини, слободен и грчко-римски стил, од самите почетоци на движењето. Обвинувањата беа дека МОК ги фаворизира американските спортови, за сметка на борењето, како традиционален спорт на ЛОИ.

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Жак Рог, изјави дека Светската боречка федерација ги направила потребните промени во организацијата и ги зголемила шансите овој спорт да го зачува олимпискиот статус.

Рог вели дека „борачите“ добро реагирале при решавањето на прашањата кои што доведоа до тоа МОК во февруари годинава да одлучи да го исфрли спортот од програмата на Олимписките игри во 2020-та година.

Тој истакнува дека Светската боречка федерација на својот конгрес минатиот викенд „ги поправила недостатоците“, усвојувајќи низа промени во правилата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он