Болт: Не се откажувам, чекам понуда од Манчестер Јунајтед

Од:

Најбрзиот човек во светот, Усаин Болт ја прокоментира својата иднина по неуспешниот обид да започне фудбалска кариера.

Спринтерот од Јамајка беше на проба во Борусија Дортмунд, но оттаму споделија дека неговата физичка подготвеност и онаа на фудбалерите не е иста, и така се откажаа од евентуална соработка.

Болт потоа категорично ја негираше можноста да се врати во атлетиката.

– Нема да се вратам на патеката. Тоа е сигурно. Би сакал да се занимавам со фудбал, но засега не оди. Се уште немам покана од Манчестер Јунајтед, но се надевам дека ќе ја добијам. Не е важно во кој тим ќе стартува мојата кариера. Засега најважно е да го достигнам нивото на професионалните фудбалери, бидејќи заостанувам во некои односи, изјави Болт.

Спринтерот наскоро ќе има можност да излезе на „Олд Трафорд“, бидејќи беше поканет за добротворен натпревар на 10 јуни.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он