Најбрзиот човек на планетата Јусеин Болт ги обедини златните медали на спринтерските трки на Мундијалот во Кина откако попладнево победи на 200 метри и повторно, како и на 100 метри, пред најголемиот конкурент Џастин Гетлин.
Резултати на машката трка на 200 метри:
1.Јусеин Болт (Јамајка) 19.55 секунди,
2.Џастин Гетлин (САД) 19.74,
3.Анасо Џободвана (Јужна Африка) 19.87.
Денеска се одржаа уште три финалиња.
Освојувачи на медали во дисциплината трискок се:
Кристијан Тејлор (САД) со 18.21 метар – златен медал,
Педро Пабло Пичардо (Куба) 17.73 – сребрен медал,
Нелсон Евора (Португалија) 17.52. – бронзен медал.
Сетот медали во женската трка на 400 метри е за:
злато – Алисон Феликс (САД) 49.26 секунди,
сребро – Шона Милер (Бахами)49.67,
бронза – Шерика Џексон (Јамајка) 49.99.
Во фрлање кладиво најдобри беа:
Анита Влодарчик од Полска со 80.85 метри,
Ванг Жанг (Кина) 76.33,
Александра Таверние (Франција) 74.02.