Штафетата на Јамајка предводена од неверојатниот Јусеин Болт постави нов светски рекорд во трката 4х100 метри, минувајќи ја патеката за време од 36.84 секунди.
Болт ќе си замине дома од Лондон со три златни медали и со еден светски рекорд. А во Пекинг имаше исто толку злата и три светски рекорди.
Американците исто така беа одлични, ја минаа патеката за време од 37.04 секунди, со што го израмнија претходниот светски рекорд на Јамајка, што значи втор резултат на сите времиња.
Третото место на оваа трка го освои Канада, но поради лоша измена беа дисквалификувани, па бронзениот медал ќе им припадне на атлетичарите на Тринидад и Тобаго.