Боливискиот претседател потпиша професионален договор за фудбалски клуб

Од:

Боливискиот претседател Ево Моралес, потпиша професионален договор со еден фудбалски клуб во Боливија, со кој се обврзува да настапува за екипата во следната фудбалска сезона.

Моралес (54), кој е голем вљубеник во фудбалот, за фудбалскиот клуб „Санта Круз“ ќе настапува како играч за врска на средината на теренот. Клубот е од истоимената провинција на југостокот од земјата и се натпреварува во Првата боливиска лига.

Претседателот на клубот Марио Кроненболд изјави дека според договорот, Моралес ќе игра по 20 минути на натпревар, но нема да настапува на сите мечеви на „Санта Круз“, поради обврските што ги има како претседател на Болвија.

Договорот меѓу клубот и „фудбалерот“ Моралес предвидува тој да го носи дресот со бројот 10 и да настапува за минимална плата од 214 американски долари.

– Тој навистина го сака фудбалот и игра многу добро, изјави Кроненболд.

Ево Моралес веќе има играно на фудбалски натпревари со боливиските новинари, со домашните синдикални лидери, како и со други претседатели.

Во 2007 година, тој настапи за еден локален клуб, играјќи на височина од шест илјади метри во знак на протест против забараната на ФИФА, Боливијците да организираат меѓународни натпревари на големи надморски височини. Во 2006 година, Моралес тешко се повреди, кога по еден судар со противнички голман ја скрши носната коска.

Би можело да ве интересира

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски

Фудбалерите на Реал Мадрид по деветти пат станаа светски клупски шампиони

Фудбалерите на Црвена звезда го декласираа Нови Пазар во српската Суперлига

Горан Наумовски