Бојан Трајковски го продолжи договорот со екипата на Куманово и ќе ги брани боите на овој кошаркарски клуб уште една сезона.
– Можеме да потврдиме дека со Бојан Трајковски е постигнат договор за продолжување на соработката и овој кошаркар и во следната сезона ќе настапува за нашиот тим, велат од раководството на Куманово.
Со овој потпис Куманово и официјално се активираше на трансфер маркетот. Договорите треба да ги продолжат тренерот Марјан Србиновски, како и тројцата македонски кошаркари Караџовски, Костоски и Јанески.
Досега е сигурно дека Марко Симоновски го напушта клубот, а Вукашин Мандиќ ќе ја продолжи кариерата на Кипар.