На сите што го гледаа поразот на Хрватска (против Франција во ракомет на Олимписките игри) им е јасно дека најдобриот ракометар во историјата на хрватскиот спорт доби премалку време за игра.
Ивано Балиќ овој натпревар го започна од клупа, а по дваесет минути од натпреварот, Славко Голужа се сети да го внесе во игра. Неколку топки од Балиќ го пробија францускиот ѕид и некако се започна полесно да се даваат голови, па до полувремето Хрватска стигна со само два гола разлика.
Сепак во второто полувреме, Голужа продолжи да го форсира Домагој Дувњак (погодоци 0/7) и сите ги изнервира, особено Балиќ, кој во еден момент со потсмев му рече „И ти мене ме вадиш надвор“.
По ова селекторот веднаш го врати во игра.
Балиќ беше многу вознемирен поради натпреварот и направи се што можеше, Динарт, Гил и остнатите совршено бранеа, но тоа не беше доволно.
По натпреварот, богот на спортот два часа седеше во соблекувалната со крпа на главата, неможејќи да се се помири.
За време на еден тајм аут тој „збеснат“ рече пцуеше по сите: „Два месеци се подготвуваме, а играме како пи.ки. Ова е срамота. Мене ми е срам. Жими мајка“.