Блокада за Ѓоковиќ, УС Опен нема да бара исклучок од регулативата за вакцинација

Од:

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да добие ослободување од обврската за вакцинација за овогодинешниот УС Опен.

„Њујорк тајмс“ објави текст во кој се вели дека Ѓоковиќ во овој момент нема право да влезе во САД.

Во моментов третиот рекет на планетата сезонава веќе ги пропушти мастерсите во Индијан Велс и Мајами бидејќи не можеше да пристапи на територијата на САД, а тоа би можело да се повтори и за последниот грен-слем во годината.

Според тамошниот закон, Новак се води како „невакциниран странец“ и затоа не смее да влезе. Ова може да биде заобиколено, но Тениската асоцијација на САД (USTA), под чие покровителство е УС Опен, нема да бара изземање од владата за Србинот, објави Њујорк тајмс.

„Ќе ги следиме прописите на владата и на здравствените власти“, рече извршниот директор на Федерацијата, Лу Шер.

Новак Ѓоковиќ годинава, покрај на турнирите во САД, не можеше да ги брани бодовите на Австралија опен бидејќи беше депортиран.

Српскиот тенисер брани 1.200 поени освоени лани со поразот во финалето од Данило Медведев на УС Опен.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го најави младиот Бразилец за свој наследник, а овој „му заби нож в грб“

А1он

Беретини го елиминира Ѓоковиќ во првото коло на турнирот во Доха

Ѓоковиќ остро за Синер: Земјотрес, oва е голем проблем за спортот

А1он

(ВИДЕО) Ѓоковиќ го „испрати“ Шварцман во пензија: „Што гледаш, идиотe?“

Ѓоковиќ: Татко ми ме убедува да ставам крај на мојата тениска кариера

Новак Ѓоковиќ ќе добие статуа во Мелбурн парк пред арената Род Лејвер