Близнаците Њокас нови ракометари на шампионот Вардар

Од:

Француските интернационални и поранешни репрезентативци, близнаците Кевин и Оливие Њокас, се нови ракометари на Вардар 1961, соопшти вечерва македонскиот ракометен шампион.

Во клупското соопштение се прецизира дека „веќе се завршени сите формалности околу нивниот настап и двајцата ракометари се пријавени за домашното првенство и Лигата на шампиони“.

Левиот бек Оливие зад себе има 32 настапи за француската репрезентација, додека десниот бек Кевин Њокас националниот дрес го носеше на 41 натпревари. Обајцата имаат медали од големите европски и светски натпреварувања.

Би можело да ве интересира

Спектакл во Вараждин: Македонија и подари бод на Унгарија

Горан Наумовски

ЕХФ: Франција и Германија ќе бидат домаќини на Европското првенство во ракомет во 2032 година

Србија остана без двајца селектори во ист ден

Горан Наумовски

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир