Блатер ги критикуваше Платини и Колина

Од:

Претседателот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) Сеп Блатер критички се осврна на изјавите на раководството на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) во врска со противењето за воведување на технологија на гол линијата.

– Судиите се бескорисни фигури кои се користат само во Европа и во Италија каде тие имаат повластен статус во однос на технологијата. Човечкото око не е доволно брзо да може да ја следи топката и со сигурност да процени дали ја поминала гол линијата или не, за разлика од новите технолошки направи, истакна Блатер.

Од друга страна, првиот човек на УЕФА, Мишел Платини заедно со некогаш најдобриот светски судија Пјерлуиџи Колина се обидуваат технологијата да ја држат што подалеку од фудбалските терени, а спорните моменти се обидуваат да ги решат со воведување на доплнителни судии на гол линијата.

Останува да се види кој ќе победи во судирот меѓу првиот човек на УЕФА и на ФИФА кој веќе ги почна подготовките за воведување на технологијата на Светското првенство во Бразил идната година.

– Само Италија и УЕФА употребуваат пет судии на фудбалски натпревари. Тоа не е желба на цела УЕФА туку на Платини и Колина. Ние сме решени да ги воведеме новините околу пресудувањето дали е гол или не. Технологијата нема да се користи за корнери, аути и пенали, изјави претседателот на ФИФА Блатер.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година

УЕФА го казни Партизан со 40.750 евра поради инциденти со навивачите на мечот против Лугано

УЕФА ги суспендираше Мората и Родри