Билбао – Локомотив во финалето на Еврокупот

Од:

Екипите на Билбао Баскет и на Локомотив Кубан ќе играат во финалето на Еврокупот, откако во полуфиналните пресметки беа поуспешни од своите противници.

Шпанскиот претставник Билбао Баскет синоќа убедливо со 75:53 го победи украинскиот Будивелник во реванш-полуфиналната средба. И на првиот дуел, одигран на теренот на Будивелник во Киев, победи шпанскиот тим со 93:83.

На вториот реванш дуел од полуфиналната пресметка меѓу Локомотив Кубан и шпанската екипа Валенсија, вчера во Краснодар победија гостите од Шпанија со 68:63, но тоа не им беше доволно за конечен успех поради поразот на свој терен со резултат 97:87.

Финалето од второто по квалитет европско клупско кошаркарско натпреварување – Еврокупот, ќе се одигра на 13 април во Шарлроа (Белгија).

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он