БиХ се откажа, Малта нов противник на македонските кошаркари до 20 години

Од:

Кошаркарскиот сојуз на Босна и Херцеговина одлучи да го повлече учеството на националниот состав до 20 години од овогодишното Европското првенство (Дивизија Б) кое во периодот од 14 до 23 јули ќе се одржи во Орадеа, Романија.

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина беше во групата Ц, заедно со Македонија, Грузија, Албанија и Романија. Поради намалување на бројот на репрезентации во групата кои ќе земат учество на овој континентален собир, ФИБА одлучи да го промени распоредот и од групата А, која дотогаш ја сочинуваа шест репрезентации, да ја префрли репрезентацијата на Малта во групата Ц.

Првиот натпревар на ова Европско првенство (Дивизија Б) македонската репрезентација до 20 години ќе го одигра на 15 јули против соодветната селекција на Албанија.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ