Бичаниќ: Знам што не чека во Скопје

Од:

„Металург секоја година прави изненадување во ЛШ, а годинава игра одлично и со добра ждрепка може да стигне и до четврт-финалето“, вели хрватскиот ракометар во пресрет на утрешниот меч Металург – Шамбери во Лигата на шампионите.

„Знам што нe чека во Скопје. Едвај го чекам натпреварот, оти обожавам да играм во пеколна атмосфера. Вие имате неверојатни навивачи и се надевам дека тоа нема премногу да влијае на моите соиграчи“, изјави ексклузивно за сајтот на Металург Дамир Бичаниќ, хрватскиот репрезентативец и член на францускиот Шамбери, пред утрешниот меч со Металург во Скопје (16 ч.), во 7. коло на Лигата на шампионите.

Левиот бек Бичаниќ (27 години, 195 см, 98 кг) во Шамбери сезонава во ЛШ заигра дури во 4. коло и досега постигна седум гола (по два на двата меча со Горење и три против Киелце).

Шамбери, кој загуби дома од Металург со 30:33 во 1. коло, по шест кола сезонава нема ниту еден бод.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он