Безбедноста за Олимпијадата не е компромитирана

Од:

Безбедноста за Олимписките Игри не е компромитирана и не постои никаква закана за обезбедувањето и сигурноста на претстојната Олимпијада, изјави денеска во Лондон британскиот министер за внатрешни работи Тереза Меј.

Нејзината изјава доаѓа по неочекуваното решение итно да се повикаат уште 3.500 британски војници, затоа што ангажираната приватна безбедносна фирма не може да обезбеди на време доволно квалитетно обучени луѓе.

Во дебатата во Долниот дом, министерката Меј го бранеше владиното решение да се ангажира приватната фирма Г4С. Таа објасни дека станува збор за искусна и респектабилна фирма во безбедносниот сектор, но дека во овој случај таа не успеа да се снајде. Дури вчера, фирмата признала дека нема да стигне да ги обезбеди договорените дванаесетина илјади обучени „безбедњаци“ што требаше да работат на 100 разни локации, грижејќи се за сигурното и безбедно одвивање на игрите кои почнуваат за 15 денови.

Според Меј, сето ова се случи како изненадување, па таа вината ја префрли на Г4С која има договор со Владата и за што има примено 284 милиони фунти. Министерката смета дека барањето дополнителни воени сили било единствено можно решение.

Опозициските лабуристи го оценија случувањето околу бебзедноста и недостигот на безбедносни редари, во последен момент, како голем пропуст и удар врз угледот на организаторите, а посебно врз Хоум Офисот. Министерот за внатрешни работи во понеделникот изјави дека се ќе биде во најдобар ред околу обезбедувањето на Олимпијадата, уверувајќи ја јавноста дека приватната фирма ќе ги задоволи зададените рокови.

Голем дел од дополнителните 3.500 војници се на одмор или на отсуство, дел од нив дојдени од Авганистан, па затоа Министерството за одбрана најави дека на војниците кои се на одмор ќе им биде платено работењето за време на Игрите. Министерката Тереза Меј соопшти дека 10 илјади билети за Игрите ќе им бидат разделени на војниците како компензација за нивната непредвидена работа додека се на одмор и отстуство.

Вкупно околу 20 илјади војници и воен персонал ќе бидат ангажирани за Олимпијадата, што е една петтина од сегашниот број на армиските сили на Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Спортистите од Русија и од Белорусија ќе добијат забрана и за Олимписките Игри во Париз?