Боксерскиот спектакл на годината меѓу Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури остана без победник. Колку и ретко да се случува тоа во светот на боксот, судиите не беа едногласни во својата одлука и така битката меѓу двајцата титани во тешка категорија остана со нерешен резултат.
Еден од судијата пресуди во корист на Фјури – 114:112, вториот даде предност на Вајлдер – 115:111, а трет досуди резултат 113:113, па светската титула во Светскиот боксерски совет (ВБЦ) не доби нов сопственик во „Стејплс Центар“ во Лос Анџелес. Таа останува за Американецот, но сигурно ќе има реванш.
По дуелот, огромен број аналитичари се убедени дека победата требаше да биде за Фјури, бидејќи пласираше почисти удари.
Вајлдер го испрати својот противник двапати во нокдаун – еднаш во деветтата и еднаш во 12-тара рунда. Можеби токму вториот нокдаун го спаси Американецот од поразот, бидејќи беше исклучително тежок и дефинитивно противникот имаше среќа што не остана на земја по оваа ситуација.
Here's that crazy knockdown..
99.9% off people thought it was over when the ref was at 8.. ???
Fury may have the best chin ever.. ?#WilderFury ?pic.twitter.com/6muhaFj5yv— The MMA Bible (@TheMMABible) December 2, 2018
Почетокот на мечот беше посилен за Фјури и Британецот беше попрецизен. Вајлдер загуби и многу од свежината во средината на дуелот, но како голем шампион покажа дека кога е потребно, може да се мобилизира.
Тој тргна во напад на крајот на натпреварот и успеа да го собори два пати противникот. Полесно тоа беше во 9-тата а во 12-тата Фјури едвај стана на нозе. Јавно тоа ги натера и судиите да не се едногласни во својата одлука и да пресудат исход без победник од битката.
With scores of 115-111 for @BronzeBomber, 114-110 for @Tyson_Fury and 113-113 – #WilderFury is a draw pic.twitter.com/5BU3YteW49
— SHOWTIME Boxing (@ShowtimeBoxing) December 2, 2018
Така големиот боксерски спектакл на годината остана без победник, а во секој случај тоа значи дека Вајлдер и Фјури ќе имаат уште еден судир во 2019 година. Аналитичарите и на Островот, и во САД сепак се категорични дека Британецот бил „ограбен“ од судиите и требаше да биде прогласен за победник на овој меч.