Без гостинска победа во 3. коло од Евролигата

Од:

Откако на првите четири средби (одиграни во четвртокот) во 3.коло од ТОП 16 фазата на кошаркарската Евролигата победи остварија домашните тимови, со ист ефект продолжи и вториот ден од ова коло.

На четирите синоќешни натпревари победи забележаа екипите кои играа пред својата публика. Во дербито од Ф групата, Барселона го совлада Олимпијакос со 76:68. За поразената екипа 20 минути одигра македонскиот репрезентативец Перо Антиќ и оствари ефект од 9 поени и 3 скокови.
Освен Барселона, по два бода освоија и Панатинаикос, Реал Мадрид и Монтепаски.
Резултати 3.коло и табели во групите Е и Ф:

Е група: ЦСКА Москва – Бросе Баскетс 90:83, Панатинаикос – Уникаха 78:73, Анадолу Ефес – Алба Берлин 71:62 и Реал Мадрид – Жалгирис 75:74.

Табела: ЦСКА Москва 3-0 (победи-порази), Реал Мадрид 3-0, Анадолу Ефес 2-1, Панатинаикос 2-1, Жалгирис 1-2, Уникаха Малага 1-2, Алба Берлин 0-3, Бросе Баскетс 0-3.

Ф група: Макаби – Фенербахче Улкер 91:73, Каха Лаборал – Бешикташ 77:51, Монтепаски Сиена – Химки 82:76 и Барселона – Олимпијакос 76:68.

Табела: Каха Лаборал 3-0 (победи-порази), Монтепаски 2-1, Барселона 2-1, Химки 2-1, Макаби 1-2, Олимпијакос 1-2, Бешикташ 0-3, Фенербахче Улкер 0-3.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он