Без голови по првото полувреме во Даблин

Од:

Фудбалската репрезентација на Македонија игра 0-0 по првото полувреме против Република Ирска во Даблин, во мечот на двете поразени селекции од плејофот за пласман на Светското првенство.

Ова е дуел со многу помал психолошки притисок и тоа се чувствува во играта. Но, впечаток е дека Македонија добро ја контролира играта, не им дозволи на Ирците да создадат стопроцентна шанса, а имаше закана преку капитенот Енис Барди.

Во 26.минута, Барди се обиде од слободен удар, но Келехер одбрани и исфрли во корнер. Две минути подоцна имаше речиси идентичен обид и од Фин Азаз на спротивната страна, но немаше закана за Столе Димитриевски, топката мина над гредата.

Ирците двапати имаа обиди преку Трој Перот, првиот пат шутираше со глава директно во Столе Димитриевски, а вториот пат беше тотално непрецизен откосо од десната страна.

Во 39.минута, Перот ја имаше најдобрата можност. Дарко Велковски не реагираше најдобро, напаѓачот на Ирска влезе во шанса, но повторно шутираше непрецизно од 12 метри.

Во 45.минута, Трој Перот постигна гол, но беше досудена офсајд позиција.

Би можело да ве интересира

Младите фудбалери ја победија Ерменија

Данска ја елиминира Македонија со 4-0, крај на мундијалските надежи

Горан Наумовски

Данците не се баук: Македонија има 0-0 на полувреме во Копенхаген

Македонија ќе игра против Данска во баражот за пласман на Мундијалот

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Преку Кардиф до Мундијалот: Македонските фудбалери во Велс по историја

Катерина Ѓуровски

Директорот на А-фудбалската репрезентација Дени Масев е во притвор