Бердих спаси 3 меч топки и го елиминира Федерер

Од:

Чешкиот тенисер Томаш Бердих, успеа да се пласира во финалето на турнирот од серијата 500 во Дубаи, откако во полуфиналето успеа да го совлада бранителот на титулата Рожер Федерер, со резултат од 2:1(3-6; 7-6; 6-4)

Рожер Федерер не успеа да се најде во позиција да ја брани титулата, откако денес беше поразен од Бердих, по еден феноменален пресврт на чешкиот тенисер. Швајцарецот одлично го отвори мечот откако по само 39 минути игра успеа да поведе со 1-0 во сетови.

Бердих беше подобар во вториот сет, но не успеа да реализира две прилики за брејк, па сетот се решаваше во тај-брејк. Во овој дел од мечот повеќе нерви имаше чешкиот тенисер и со победа од 10-8 во тај-брејкот успеа да израмни на 1:1 во сетови. Во третиот сет целосна контрола на Бердих, кој на крајот успеа да слави со 2:1 и да се пласира во финалето, каде ќе се сретне со српскиот ас Новак Ѓоковиќ.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех