Бензема промаши три пенали против Осасуна во 2022 година

Од:

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема промаши пенал на натпреварот од седмото коло од шпанското првенство против Осасуна (1:1).

Во 78. минута од натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“, по проверката на ВАР, најстрогата казна беше досудена за домашните, но 34. годишниот Французин ја погоди гредата.

Бензема промашил три пенали против Осасуна во 2022 година, повеќе отколку против кој било друг противник. На тој натпревар голманот на Осасуна, Серхио Ерера му ги одбрани пеналите на Бензема.

Претходно, против тимот од Памплона, двапати не беше прецизен на 20. април, но тогаш Реал Мадрид победи со 3:1.

За прв пат оваа сезона „кралскиот клуб“ не успеа да побед и со 19 бода се израмни на првото место со Барселона.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Бензема, Фирмино и Хендерсон сакаат да ја напуштат Саудиска Арабија

Анчелоти: Не е вистина дека Бензема не игра бидејќи се чува за СП

Карим Бензема е најдобриот фудбалер на светот