Анчелоти: Не е вистина дека Бензема не игра бидејќи се чува за СП

Од:

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти демантира дека проблемите со физичката подготвеност на Карим Бензема ќе влијаат на неговите перформанси на Светското првенство отфрлајќи ги тврдењата дека напаѓачот намерно се чува со пропуштање на мечевите за „кралевите“.

Бензема не тренира со своите соиграчи пред последниот меч од Ла Лига пред паузата поради СП, дуелот со Кадиз на „Сантијаго Бернабеу“ в четврток. Отсуството на освојувачот на „Златната топка“ се поклопи со падот во формата на Реал – 1:1 ремито со Џирона минатата недела и 3:2 поразот од Рајо Валјекано во понеделникот.

„Ми пречи што Карим не беше тука да му помогне на тимот со својот квалитет. Тој се обиде, но не успеа да се врати на време. Верувајте, Карим е најразочараниот од сите што не игра бидејќи ќе оди на СП како освојувач на ‘Златната топка’ со малку минути. Глупаво е да се каже дека се чува“, вели Анчелоти.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Бензема, Фирмино и Хендерсон сакаат да ја напуштат Саудиска Арабија

Бензема промаши три пенали против Осасуна во 2022 година

Карим Бензема е најдобриот фудбалер на светот