Белорусинката Остапчук остана без златниот медал

Од:

На белоруската атлетичарка Остапчук и е одземен златниот олимписки медал, поради позитивниот допинг тест.

Тоа значи дека првото место на тронот сепак ќе и припадне на атлетичарката од Нов Зеланд, Валери Адамс, која бранеше злато од Пекинг 2008-ма.

„Меѓународниот Олимписки комитет денеска објави дека Белорусинката Наџеја Остапчук е дисквалификувана од 30. Олимписки игри во Лондон. Од неа е побарано да достави урина на 5-ти август. Ден потоа таа се натпреваруваше во фрлање ѓуле и го освои првото место, по што веднаш и е побарано да достави примерок. Во двата примероци забележано е присуство на метенолон, кој се класифицира како анаболик“, стои во официјалното соопштение.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он